Советот на општина Кавадарци официјално ја започна постапката за продажба на македонскиот прволигаш Тиквеш, како што беше најавено пред неколку месеци. Новиот инвеститор треба да биде турски државјанин кој живее во Германија. Наводно, се работи за турскиот сопственик кој претходно беше на кормилото на Шкупи.
Според договорот, инвеститорот ќе биде должен да вложува по 1 милион евра годишно во следните пет години, од кои 200.000 евра ќе бидат наменети за младинските категории на клубот.
И покрај промената на сопственоста, Миле Масларков ќе остане претседател на клубот, а името на Тиквеш нема да се менува. Исто така, турскиот инвеститор се согласил да го преземе долгот од 135.000 евра, кој клубот моментално го има.
Тиквеш ја заврши сезоната 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига на осмата позиција со 34 освоени бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













