
Најтрофејниот македонски клуб Вардар после 18 години го освои трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на Националната Арена Тодор Проески ја совлада Струга Трим Лум со 2-0. Така, “црвено-црните” на одличен начин ја завршуваат сезоната која стартуваше резултатски лошо.
Во херој на вардарци се претвори младиот офанзивец Михаил Талевски кој беше двоен стрелец.
Струга ТЛ не го покажа на терен целиот свој квалитет во ова финале. Стружани имаа две шанси на почетокот да дојдат до водство, но не ги искористија.
Марјан Радески излезе сам пред Талески, но забави кога беше најпотребно и одбраната на Вардар добро реагираше, расчистувајќи ја опасноста.
По корнерот од левата страна, топката дојде речиси до гол-линијата, но повторно на крајот заврши во рацете на Давор Талески.
Во 27.минута, Вардар дојде во водство. Акцијата по десната страна ја следеше одлично Михаил Талевски, кој од прва реагираше на центаршутот и ја смести топката во долниот лев агол на голманот Ќосевски.
На почетокот на вториот дел, нов блесок на Михаил Талевски. Во 48.минута, тој ја надмудри одбраната на Струга ТЛ, шутираше со десната нога од 14 метри и ја погоди мрежата.
Илчо Ѓорѓиоски потоа во игра ги внесе Басиру Компаоре и Ланре Кехинде, кој имаше две шанси да го намали резултатот, но Давор Талески успеа да одбрани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
