
Викендов Чаир ќе биде центарот на македонскиот фудбал! На градскиот стадион ќе се одигра решавачкиот дуел за место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Екипите на Беса и Башкими ќе ги одмерат силите во баражот што носи билет за елитата. Натпреварот започнува во недела од 17 часот, а победникот ќе (о)стане новиот член на највисокото фудбалско друштво во земјава. Одлуката за местото и времето на одигрување е официјализирана денес од Фудбалската федерација на Македонија.
Но, тоа не е сѐ – и борбата за ВМФЛ влегува во завршна фаза! Три бараж-средби ќе се одиграат во сабота од 17 часот, а екипите ќе се борат за место во втората лига.
Ова се двојките и локациите:
- Преспа – Слога (В) | Стадион на ФФМ
- Шкендија (А) – Осогово | Стадион Кавадарци
- Тетекс – Горно Коњаре | Стадион во Ѓорче
Очекуваме голема борба, многу емоции и неизвесност до последниот свиреж. Сѐ е на маса – чест, амбиција и пласман во повисок ранг. Фудбалот го има последниот збор!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Грилиш ќе му се придружи на Де Бруин во Наполи?

Евро-фудбал
Интер подготвува нова понуда за Адемола Лукман

Евро-фудбал
Жоао Феликс се согласил да се врати во Бенфика

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Луис Дијаз побарал трансфер од Ливерпул
