
Македонскиот прволигаш Пелистер со завршувањето на сезоната остана без претседателот Митко Стојковски и членот на УО на клубот, Тони Мицевски. Клупските легенди и истакнати македонски асови решија да се повлечат, но останатиот дел од раководството на Пелистер уверува дека клубот се движи во вистинска насока и дека следната сезона ќе има многу поголеми амбиции.
„Со одигрувањето на последното 33. коло заврши фудбалскиот шампионат на Македонија во Првата лига, а со исклучок на неколку активности на младинските категории во клубот, ФК Пелистер полека ја испраќа сезоната 2024/25. На крајот од сезоната претседателот Митко Стојковски и членот на Управниот одбор, Тони Мицевски, си поднесоа оставки на своите функции. Во периодот под нивно водство клубот одработи голем дел од предвиденото, кое јавно беше образложено при нивното доаѓаење во јануари 2023 година.
ФК Пелистер експресно се врати во Првата лига и во првата сезона во елитната категорија играше важна улога. Соодветно на буџетот, можностите и плановите, секако земајќи го предвид и фактот дека играше како нов прволигаш, клубот дојде до шестото место во Првата лига, освои 39 бода, што е резултат достоен за почит. Стабилизацијата на проектот и на клубот во горниот слој на македонскиот фудбал беше зацртан план и резултат кој ги задоволува во моментов нашите критериуми и стандарди. Клубот во јануари 2022 година беше затекнат со долг од 24 милиони денари, кој актуелната управа го сервисираше скоро целосно и останаа само минимални долгови и тековни трошоци за сезоната која е на истек. Исто така процесот на исплаќање на обврските кон фудбалерите и вработените во клубот редовно се исполнува.
При преземањето на клубот младинските категории во клубот беа на маргините во државните шампионати, а денес се во потесен круг за најдобар младински клуб во Македонија, со генерации кои се борат за титулите во шампионатот и Купот на Македонија. Во сезоната 2023/24 нашата кадетска екипа беше шампион на Македонија, минатата сезона три генерации играа финале на Купот, а сезонава за Куп-трофејот ќе се бори нашата пионерска екипа. Во вкупната табела на младите категории Пелистер е рамо до рамо во Брера и Вардар на врвот. Бројката на членови на нашата школа е многу повисока од претходно и горди сме на почитувањето на брендот Пелистер од страна на најмладите.
Во делот на инфраструктурата клубот и Општина Битола, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, дефинираа план за комплетирање на стадионот „Петар Милошевски“ и горди сме што по многу години Битола ќе биде домаќин на фудбалската репрезентација на Македонија. Со комплетирање на стадионот нема да застане нашата заложба за подобри услови за нашите фудбалери. Секако продолжува планот за изградба на терени за тренинг и спортски комплекс, но за тоа потребна е помош од повеќе фактори. Најнапред комплетирање на урбанистичката документација, а потоа и конструкција за реализирање на планот.
Убедени сме дека клубот е на вистински пат и ќе го продолжи развојот. Наскоро ќе следи реорганизација, поставување на нови раководечки луѓе и подготвување на следната сезона. Клубот најискрено им се заблагодарува на Митко Стојковски и Тони Мицевски за целосното вложување во овој период и потенцира дека за нив и за луѓе со сличен став и размислување за нашиот Пелистер вратите од клубот ќе бидат секогаш отворени“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
