Шкендија го загуби последниот меч од Силекс (1-3), но тоа не го расипа шампионското славје во Тетово. Однапред беше познато дека Шкендија оваа сезона ја слави шампионската титула.
По завршувањето на мечот, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, го предаде шампионскиот пехар на капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Ибраими реди трофеи, тој оваа сезона се врати во Шкендија, а со тоа и шампионскиот трофеј од Струга се пресели во Тетово. Шкендија ќе игра во квалификациите на Лигата на шампионите.
Второто место му припадна на Силекс, а третопласиран е Работнички. Тоа се екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Конференциската лига, заедно со освојувачот на Купот (Вардар или Струга ТЛ).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













