Македонската судијка Ива Пројковска доби големо признание во својата кариера, откако беше назначена за четврти судија на финалето во Лигата на шампионите за жени што ќе се одигра во Лисабон.
Таа ќе биде дел од судискиот тим што ќе го води најважниот меч на сезоната, заедно со хрватските помошнички Сања Роѓак-Каршиќ и Маја Петравиќ, додека главна судијка ќе биде нивната сонародничка Ивана Мартинчиќ. За ВАР технологијата ќе бидат задолжени Тијаго Бруно Мартинс од Португалија и Момчило Марковиќ од Србија.
Ова е уште еден значаен успех за Пројковска, која досега има стекнато богато искуство на европската сцена, судејќи на многу важни натпревари.
Финалниот дуел во женската Лига на шампиони ќе се одигра на 24 мај на стадионот „Жозе Алваладе“, а ќе се соочат екипите на Арсенал и Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













