Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, не само што уживаше во пласманот на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите, туку го искористи моментот и за да им се „заблагодари” на сите оние што со години ја потценуваат француската Лига 1. Знаете, онаа „селската лига“ – како што често иронично ја нарекуваат на социјалните мрежи.
„Селска лига, така? Па да, ние сме тие – селаните. Мило ни е што конечно некој ја препознава нашата вредност“, изјави Енрике со насмевка полна сарказам за „ТНТ Спортс“, веднаш по триумфот што го донесе билетот за големото финале во Минхен.
И тој имаше добри причини за циничниот тон – ПСЖ последовно елиминираше три англиски гиганти од најсилното фудбалско првенство во светот: Ливерпул, Астон Вила и Арсенал. А како шлаг на тортата – уште во групната фаза ги уништија и Манчестер сити со 4-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













