Интер утревечер ќе го пречека Баерн Минхен на „Џузепе Меаца“ во реванш-мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион влегува во дуелот со предност од 1-2 од првиот натпревар, и ќе се обиде пред своите навивачи да избори пласман меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Во Милано е присутен и Горан Пандев, еден од клучните фудбалери во златната генерација на Интер која во 2010 година ја освои Лигата на шампионите под водство на Жозе Мурињо. Пандев со тој состав освои и тројна круна, а подоцна и титулата на Светското клупско првенство.
Пандев се фотографираше со трофејот од Светското клупско првенство во просториите на клубот, а Интер објави фотографија со кратка, но моќна порака:
„Легендата на Интер е тука. Исто и трофејот.“
Фановите на Интер се надеваат дека нивниот тим ќе успее да го повтори успехот од сезоната 2009/10, кога со Горан Пандев во составот стана европски првак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













