
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека Ерлинг Халанд ќе отсуствува од терените меѓу пет и седум недели поради повредата што ја заработи во натпреварот од ФА Купот против Борнмут.
„Докторите ми рекоа дека Ерлинг ќе биде надвор од терените пет до седум недели. Се надевам дека ќе биде подготвен за крајот на сезоната и за Светското клупско првенство. Повредите се случуваат во текот на целата сезона, веќе сме навикнати. Жал ми е за него, како и за сите повредени играчи, и му посакувам брзо закрепнување“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стратег истакна дека ќе мора да најде алтернативни решенија во нападот на Манчестер Сити.
„Ќе се адаптираме со играчите кои ги имаме. Не постои друг фудбалер со специфичните квалитети на Халанд, но ќе се обидеме да најдеме решение“, додаде Гвардиола.
Отсуството на Халанд ќе биде голем удар за „граѓаните“, особено во критичниот дел од сезоната, каде што тимот се бори за пласман во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
