
Ињаки Пења минатата недела доживеа вистински емоционален ролеркостер што ретко кој човек може да го замисли. Вториот голман на Барселона остана без својот татко, а само неколку часа по погребот доби уште една голема, но сосема спротивна вест – стана татко по првпат.
Причината за минутата молк пред натпреварот меѓу Барселона и Осасуна на „Монжуик“ беше токму починатиот татко на Пења. Погребот се одржа во понеделникот, а по завршувањето, Ињаки Пења директно замина во болница каде неговата партнерка Клаудија го донесе на свет нивното прво дете.
И покрај огромниот емоционален товар и тешките денови, Пења остана на располагање на Ханси Флик за натпреварот против Осасуна, кој Барселона го доби со 3-0.
Навистина неверојатни и тешки моменти за младиот голман – од последно збогување со таткото до прегратка со своето првородено дете за само неколку часа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
