
Манчестер Јунајтед покажува интерес за крилниот напаѓач на Спортинг Лисабон, Франсиско Тринкао. „Црвените ѓаволи“ веќе прават планови за летниот преоден рок и Португалецот е едно од имињата кои се најдоа на листата на потенцијални засилувања.
Наводно, од „Олд Трафорд“ веќе стапиле во контакт со Спортинг за да ја проверат цената на 25-годишниот фудбалер. Португалскиот клуб е подготвен да го пушти Тринкао за сума од околу 50 милиони фунти.
Тринкао е фудбалер кој својата кариера ја започна во Брага, а потоа играше за Барселона и Вулверхемптон, пред да се пресели во Спортинг во 2022 година, каде што успеа да ја возобнови својата форма. Оваа сезона има девет гола и 15 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Особено впечатливо беше неговото влегување од клупа за репрезентацијата на Португалија во натпреварот против Данска (5-2), кога постигна два гола.
Покрај Тринкао, Манчестер Јунајтед ја следи и младата ѕвезда на Саутемптон, Тајлер Диблинг, како дел од плановите за засилување на офанзивната линија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
