
Бразилската фудбалска конфедерација вчера објави дека го отпушти досегашниот селектор Доривал Жуниор (62) по тешкиот пораз од Аргентина (1-4) во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, веќе подолго време се поврзуваше со селекторското место на Бразил, иако тој повеќепати ги демантираше тие гласини. Сега, кога клупата на Бразил повторно е празна, повторно се поставува прашањето дали Анчелоти ќе стане нов селектор на јужноамериканската репрезентација. Одговорот што го даде е јасен.
„Не“, изјави Анчелоти, решен да го испочитува договорот со Реал, кој трае до следното лето. Анчелоти се споменува како еден од главните фаворити за селекторската позиција не само поради резултатите што ги постигна како тренер, туку и поради добрите односи со голем број бразилски ѕвезди како Винисиус Жуниор, Родриго, Ендрик, Кашемиро, Едер Милитао…
„Имам договор и на таа тема немам што да додадам. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал и тука сè е јасно“, додаде Анчелоти.
Жорге Жесус е стратегот кој излегува во преден план за нов селектор на Бразил. Тој работи во Саудиска Арабија, го предводи Ал-Хилал, но би можел да се нафати на предизвикот да застане на кормилото на „кариоките“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski