
Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, би можел да се врати на терен веќе следната недела на натпреварот против Фулам во Премиер – лигата, пренесува „Би-би-си“.
Дваесет и тригодишниот англиски репрезентативец е надвор од терените од декември, кога заработи повреда на тетивата на мечот против Кристал Палас, по што мораше да биде подложен на операција.
Од Арсенал претходно информираа дека процесот на опоравување тече според планот и дека, освен ако не дојде до некои непредвидени компликации, Сака ќе биде подготвен за натпреварите од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во април.
Исто така, британските медиуми минатата недела објавија дека Арсенал е подготвен да му понуди нов договор на Сака со подобрени финансиски услови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
