Connect with us

Аргентина и без Меси, Лаутаро и Дибала, ја наполни мрежата на Бразил (ВИДЕО)

Аргентина стана четвртата репрезентација што обезбеди место на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. По Нов Зеланд, Јапонија и Иран, актуелниот светски шампион си го осигура билетот многу пред завршницата на јужноамериканските квалификации. И пред натпреварот беше јасно дека „гаучосите“ нема да испаднат од трката за првите седум позиции, но тоа не ги спречи момците на Лионел Скалони да го прегазат Бразил со убедливи 4-1 (3-1) на „Монументал“ во Буенос Аирес и да побегнат на осум бодови предност на врвот, четири кола пред крајот. Мора да се напомене дека во селекцијата на Аргентина не играа Лионел Меси, Лаутаро Мартинез и Пауло Дибала.

Аргентина – Бразил 4-1

Натпреварот започна фуриозно за Аргентина. Веќе во четвртата минута, Хулијан Алварез ја погоди мрежата и ја отвори голеадата. Десет минути подоцна, Енцо Фернандез заврши одлична акција и зголеми на 2-0. Бразилците се вратија во игра по грешката на Кристијан Ромеро, но тоа беше само моментална надеж. Алексис МекАлистер во 37. минута повторно ја врати двојната предност за Аргентина.

Во второто полувреме, „албиселесте“ доминираше и создаде многу шанси. Единствениот гол во овој период го постигна Џулијано Симеоне, кој од тежок агол ја затресе мрежата за конечни 4-1. Натпреварот беше груб, а судијата Рохас покажа дури девет жолти картони.

Боливија – Уругвај 0-0
Двете селекции одиграа цврст натпревар без голови.

Чиле – Еквадор 0-0
И овој дуел помина без голови, оставајќи ги двете екипи со поделени бодови.

Венецуела – Перу 1-0
Венецуела продолжува да сонува за историски пласман на Мундијалот, благодарение на победата од 1-0. Саломон Рондон беше херојот со гол од пенал.

Колумбија – Парагвај 2-2
Колумбија ја пропушти шансата за победа, иако водеше со 2-0 преку головите на Луис Дијаз и Џон Дуран. Парагвај успеа да се врати во игра благодарение на Алонсо и Енцисо, кои донесоа голем бод за својата селекција.

Аргентина веќе може да се подготвува за Мундијалот, додека останатите селекции продолжуваат да ја водат битката за преостанатите места.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови