
Селекторот на Англија, Томас Тухел, не беше целосно задоволен од настапот на тимот на квалификацискиот меч за СП 2026 против Албанија. „Трите лава“ победија со 2-0 на официјалното деби на Германецот, но тој забележа многу слабости во играта на своите избраници.
„Можеме и мораме да играме подобро. Почнавме силно. Во првите 7-8 минути имавме 100% посед на топката, многу додавања и потребната енергија“, изјави Тухел.
„Тешко беше да ја пробиеме одбраната на Албанците бидејќи се бранеа во длабок блок. На ЕВРО 2024, Албанија не дозволи чиста шанса пред својот гол. Во второто полувреме бевме премногу бавни и не трчавме доволно со топката“, додаде селекторот на Англија.
Тухел ја презеде Англија на 1 јануари, а претходно последен пат го водеше Баерн Минхен. Неговиот договор со ФА на Англија важи до крајот на Светското првенство 2026.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
