Раководството на поранешниот европски фудбалски првак, Црвена Звезда, денеска официјално изрази сочувство до народот на Македонија по трагичниот настан во Кочани и го најави хуманитарниот натпревар во Скопје.
Генералниот директор на српскиот клуб, Звездан Терзиќ, потврди дека Црвена Звезда ќе гостува во македонската престолнина на 16 април, каде што ќе одигра пријателски меч против Вардар.
Сите приходи од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на жртвите.
„Длабоко сме потресени од трагедијата во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои ни помогнаа да ја организираме оваа иницијатива. Ова е најмалку што можевме да направиме за нашата братска Македонија во овие тешки моменти“, изјави Терзиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













