Македонскиот прволигаш Шкупи потврди дека фудбалерот Андреј Лазаров не е во животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега во болница.
„Прво, сакаме да ве информираме дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници на делови од телото во пожарот и големата трагедија што се случи во текот на ноќта во Кочани. Оваа информација ја потврдивме по контакт со неговото семејство и блиски. Му посакуваме на Андреј брзо закрепнување и враќање меѓу нас.
Во овој тежок момент, изразуваме најдлабоко сочувство за сите 51 изгубени животи во оваа трагедија. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја.
Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се повторат!“, објавија од Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













