
Поништениот пенал поради двојниот допир на Хулијан Алварез останува најкоментираната тема по епското мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал синоќа во Лигата на шампионите. „Кралевите“ драматично се пласираа во следната фаза по изведување на пенали.
Очекувано, тренерот Диего Симеоне не беше задоволен од интервенцијата на ВАР судијата Томаш Квиатковски и одлуката да се поништи погодокот на неговиот фудбалер.
На прес-конференцијата по натпреварот, Аргентинецот бесно изјави:
„Сите што сте тука – кренете рака ако видовте дека Хулијан ја допре топката двапати во шеснаесетникот. Ајде! И? Подготвени? Никој не крева рака. Следно прашање! Никогаш не сум видел ВАР да бара преглед на пенал при изведување пенали.“
Дефaнзивецот на Атлетико, Клемен Ленгле, исто така имаше реакција.
„Знаевме дека има проблем затоа што судијата слушаше нешто. Потоа направи гест за два допири, но за мене ова е првпат да видам вакво нешто на фудбалски терен. Беше многу чудно, но такви се правилата и мора да се прифатат.“
Here is a close range look at penalty taken by Alvarez, the rules is the rules.⚪️⚪️⚪️ pic.twitter.com/pG9DTSTCLr
— 2k (@Kpunts_) March 13, 2025
Се работи за правило број 14 од фудбалската игра, според кое играчот не смее да ја допре топката двапати по изведување на удар, освен ако некој друг ја допре прво. Токму ова беше аргументацијата за поништување на пеналот на Алварез.
За оваа бизарна, но одлучувачка ситуација во натпреварот, се изјасни и голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
„Пеналите се лотарија, но јас почувствував дека Хулијан Алварез ја допре топката двапати и му кажав на судијата. Тоа е малер за нив, но и јас имав малер кај ударот на Анхел Кореа – ја допрев топката, но беше премногу силна за да ја одбранам. Вечерва не одигравме најдобро, но успеавме, а тоа е најважното“, истакна голманот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal