Connect with us

Анчелоти: Многу е тешко да се создаде шанса против Атлетико, но важно е дека Реал оди понатаму

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по пласманот на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Кралевите“ по изведување пенали се пласираа меѓу осумте најдобри, а следен ривал ќе им биде Арсенал.

„Беше тежок натпревар, бидејќи Атлетико постигна гол уште во првата минута. Динамиката се промени малку, тие се бранеа многу добро, играа на противнапади, а ние не создадовме многу чисти шанси. Тешко е да се најдат јасни можности против Атлетико, бидејќи тие се бранат со исклучителен дух и енергија“, изјави Анчелоти.

Двата тима го завршија регуларното време со резултат 2-2 по двете средби, а по двете продолженија од по 15 минути, мечот се одлучуваше со пенали. Таму се случи контроверзна ситуација – голот на Алварез од Атлетико беше поништен бидејќи ја удри топката со двете нозе.

„Многу чудно, да. Тој направи два допира, прво ја удри со десната нога, а потоа ја допре и со левата. Пеналите се лотарија, тоа го знаеме“, додаде Анчелоти.

Тој истакна и интересен момент, дека сакал Ендрик да го шутира последниот пенал за Реал, но кога го видел неговото лице, се премислил.

„Сакавме Ендрик да биде петти изведувач. Но, кога го видов неговото лице, одлучив дека Рудигер е подобра опција за нас“, истакна Анчелоти со насмевка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови