
Рома официјално објави дека постигна договор за продолжување на соработката со Леандро Паредес. Аргентинскиот репрезентативец, кој е светски шампион од Катар, го продолжи договорот за уште една година, до 2026.
Ова е вториот престој на Паредес во Рома. Првпат го носеше дресот на „волчицата“ од 2014 до 2017, а повторно се врати во летото 2023. Досега има одиграно 129 натпревари за тимот, постигнувајќи 10 голови и 11 асистенции. Во тековната сезона настапи на 27 натпревари, со еден гол и две асистенции.
Познатиот аргентински новинар Гастон Едул открива дека во новиот договор на 30-годишниот играч има посебна клаузула поврзана со Бока Jуниорс. Ако од мај 2025 Бока достави официјална понуда од 3,5 милиони евра, Рома ќе мора да ја прифати. Во зимскиот трансфер период имаше шпекулации за негово враќање во матичниот клуб, но тогаш договорот не беше реализиран бидејќи Рома работеше на продолжување на неговиот престој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
