
Тренерот на Силекс, Александар Васоски, е казнет со едномесечна суспензија поради добиениот црвен картон по завршувањето на натпреварот меѓу Силекс и Вардар (1-1).
Васоски доби исклучување за неспортско однесување и, како што е наведено во официјалниот записник, за вербален напад кон контролорот на натпреварот, Јосип Бартон, кој е и претседател на Комисијата за делегирање судии при ФФМ. Покрај суспензијата, Васоски доби и парична казна од 200 евра.
Тој ќе ги пропушти наредните натпревари на Силекс против Брера Струмица, Тиквеш и Воска Спорт.
Фудбалерот на Силекс, Илија Донов е казнет со суспензија од еден натпревар поради црвениот картон што го заработи на крајот од првото полувреме.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski