
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, го сподели своето разочарување по убедливиот пораз од 0-4 против Аталанта на домашен терен. Дел од навивачите го напуштија стадионот по четвртиот гол, додека останатите ги навредуваа играчите и стручниот штаб.
„Знаевме дека натпреварот ќе биде исклучително тежок и дека Аталанта ќе се обиде да ги искористи нашите грешки. Не сакам да коментирам дали пеналот беше оправдан, но по него сè се сврте против нас. Ние сме млад тим. Тргнавме со повеќе луѓе во напад, но оставивме празнини во одбраната. Првиот гол нè извади од рамнотежа, а Аталанта знаеше како да ги искористи слободните простори со брзиот Лукман и нивните крила. Тажни сме, разочарани, но барем веќе нема да се зборува дека сме во борба за титулата“, изјави Мота.
Тренерот на Јувентус направи и споредба со претходниот дуел меѓу двата тима.
„Натпреварот во Бергамо беше сосема поинаков. Направивме грешки што му ја олеснија работата на противникот, а Аталанта е одлична во контранапади. Знаевме дека може да ни се случи нешто вакво, затоа и бев толку разочаран од пеналот за првиот гол.“
Мота се осврна и на критиките поврзани со поразот.
„Не мислам дека овој пораз може да се спореди со елиминацијата од Емполи во Купот на Италија. Ова се сосема различни ситуации. Сега почнавме добро, но пеналот промени сè. Не успеавме да останеме компактни, но тоа донекаде го припишувам на недостатокот на искуство“, заклучи стратегот на „бјанконерите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
