Баерн Минхен доживеа шокантен пораз на домашен терен од Бохум со 2-3, а тренерот Венсан Компани истакна дека исклучувањето на Жоао Палиња не може да биде изговор за овој резултат.
Баерн ја имаше предноста од 2-1 кога Палиња доби црвен картон за груб старт врз Георгиос Масурас. Бохум тоа го искористи и направи пресврт, израмнувајќи на почетокот на второто полувреме, а потоа Матуш Беро го постигна победничкиот гол во 71. минута.
„Ќе разговараме за ова во соблекувалната, но тоа не смее да биде изговор. Дури и со десетмина играчи имавме водство и моравме да победиме или барем да избегнеме пораз. Но, не сакам да ја одземам заслугата на Бохум, тие целосно ја заслужија победата“, изјави Компани.
Ова беше првиот пораз за Баерн во 2025 година, но по чудна коинциденција, нивниот главен конкурент Баер Леверкузен исто така доживеа пораз дома, со 0-1 од Вердер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













