Фудбалерите на Интер во 28. коло од Серија А ја совладаа Монца со 3-2, иако во 44. минута од натпреварот губеа со 0-2.
„Нерoаѕурите“ дојдоа до победа на идентичен начин како нивниот градски ривал Милан, кој со истиот резултат го победи Лече, иако исто така губеше со 0-2.
Во 24. минута беше поништен гол за водство на Интер поради играње со рака на Лаутаро Мартинез, а осум минути подоцна гостите поведоа, откако стрелец беше Самуеле Бириндели.
Во 44. минута Кеита Балде зголеми на 0-2 за Монца, но во првата минута од судиското продолжение Марко Арнаутовиќ ја врати надежта за Интер.
Изедначувањето стигна во 64. минута кога погоди Хакан Чалханоглу, додека во 78. минута Георгиос Киријакопулос постигна автогол, со што му донесе победа на Интер.
По ова коло, Интер останува лидер на табелата со 61 бод, четири повеќе од Наполи, кој има натпревар помалку, додека Монца е последна со само 14 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













