Раководството на Јувентус, заедно со тренерот Тијаго Мота, сериозно размислува за големи промени во тимот ова лето.
Веќе подолго време се шпекулира за заминување на Душан Влаховиќ, кој не успеа целосно да ја оправда довербата на навивачите. Сега, плановите за реконструкција на нападот стануваат сè поконкретни.
Според информациите на „Тутоспорт“, главната цел на Јуве е нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој би требало да формира офанзивно партнерство со Рандал Коло Муани.
Сепак, компликација во потенцијалниот трансфер претставува фактот што Осимен, иако моментално игра за Галатасарај, сè уште е во сопственост на Наполи. Клубот од Неапол не сака да го засили својот директен ривал, што го прави договорот неизвесен. Останува да се види дали Јувентус ќе успее да го убеди претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, да го продаде Осимен и за каква сума.
Во меѓувреме, „бјанконерите“ мора да го решат и статусот на Коло Муани, кој во моментов игра како позајмен фудбалер од ПСЖ. Се верува дека францускиот клуб би бил подготвен да го продаде за сума од 50 милиони евра, што не би било проблем за Јувентус, особено ако успее да ја реализира продажбата на Влаховиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













