
Најталентираниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Коби Мејно, планира да ја одбие понудата за нов договор со клубот. Поради ова, Манчестер Јунајтед наводно размислува за продажба на Мејно, кој се проценува на 55 милиони евра, но клубот сѐ уште верува дека има можност за договор со подобрени услови.
Челси будно ја следи ситуацијата и веднаш ќе реагира доколку младиот и талентиран играч за врска одлучи да замине од „Олд Трафорд“.
Мејно е продукт на школата на Манчестер Јунајтед, а оваа сезона има 25 настапи, постигнат гол и асистенција. Во последно време има проблеми со повреда. Мејно има десет настапи за Англија, а Челси го посакуваше и минатото лето.
Мејно се смета за еден од најголемите таленти во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
