
Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед одиграа 1-1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Џошуа Зиркзе ги донесе „ѓаволите“ во водство во 58-мата минута, но Микел Ојарзабал израмни од пенал во 70-тата.
Ренџерс направи голем чекор кон четвртфиналето со победа од 1-3 на гости против Фенербахче. Вацлав постигна два гола, а стрелец беше и Десерс, додека за турскиот тим погоди Александер Џику.
Лион, исто така, славеше со 1-3 на гостувањето кај ФЦСБ. Фофана постигна два гола, а Таљафико додаде уште еден.
АЗ Алкмар обезбеди минимална предност од 1-0 против Тотенхем. Лукас Бергвал од редовите на англискиот тим си постигна автогол во 18-тата минута.
Реваншите се закажани за седум дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski