
Франческо Тоти (48), легендарниот капитен на Рома, ги сподели своите размислувања за Златната топка, споредувајќи ја својата кариера со онаа на Лионел Меси, освојувачот на осум Златни топки.
Во разговор за подкастот „Viva El Futbol“, кој го водат поранешните играчи на Серија А – Антонио Касано, Леле Адани и Никола Вентола, Тоти изјави:
„Верувате ли дека Лео Меси ќе освоеше толку Златни топки ако поминеше 25 години во Рома?”
Тоти исто така го пофали Пауло Дибала, кого го смета за еден од најдобрите фудбалери денес.
„Дибала е играчот кој најмногу ме потсетува на мене. Тешко ми е да најдам некој сличен на него во Серија А“, изјави освојувачот на Светското првенство во 2006 година.
Тој додаде дека Дибала поседува редок талент.
„Тој е вистински генијалец, не само во Италија. Во мое време имаше многу играчи од негов калибар, денес можеби само пет или шест во светот. Еден од нив е Ламин Јамал.“
Тоти нагласи дека Дибала во моментов е на врвно ниво.
„Непрекинато блеска и никогаш не запира. Во Серија А тој е најдобриот, но воопшто во Италија има премалку играчи со негов квалитет.“
Потсетувајќи се на минатото, Тоти зборуваше за тоа како во минатото дури и тимови како Бреша имаа ѕвезди како Пеп Гвардиола и Роберто Баџо, додека денес такви таленти едвај доаѓаат до израз.
„Нивните имиња речиси и да не се препознаваат повеќе.“
И покрај можноста да премине во Реал Мадрид во 2004 година, Тоти никогаш не зажалил што му останал верен на Рома цела кариера.
„Никогаш не сум размислувал да играм за друг клуб. Тоа едноставно немаше да има смисла,” изјави тој.
Тоти потсети дека само тој и Паоло Малдини останале 25 години во ист клуб.
Споредувајќи ја својата ситуација со кариерата на Меси, Тоти истакна:
„Навистина верувате дека Меси ќе освоеше толку Златни топки ако 25 години играше во тим со играчи како К. Гомез или Пивота? Мислам дека не би освоил ниту една.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
