
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, истакна дека неговиот тим не смее да ја потцени Бенфика во пресрет на вечерашниот прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Иако Барселона останува непоразена во 2025 година со 15 натпревари без пораз во сите натпреварувања и е лидер во Ла Лига, Флик нагласи дека тимот не смее да покаже самозадоволување при гостувањето во Лисабон.
„Очекуваме дуел против многу силен тим – еден од најдобрите во турнирот досега“, изјави Флик на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Ќе мора да играме подобро од нив ако сакаме да напредуваме. Се надеваме дека сме подобро подготвени отколку во групната фаза и дека ќе прикажеме поголема динамика и подобра тактика. Во оваа фаза од Лигата на шампионите нема лесни противници. Бенфика е одличен тим кој има поддршка од фантастична публика. Ќе биде тежок натпревар, но ние не гледаме подалеку од овој дуел. Мораме да дадеме сè од себе во секој натпревар – и во Лигата на шампионите и во Ла Лига“, нагласи Флик.
Играчот за врска Гави имаше здравствени проблеми, но отпатува за Португалија и ќе биде повторно прегледан од лекарскиот тим на клубот, откако ја пропушти последната тренинг сесија. Ансу Фати и Пабло Торе, исто така, се вклучени во составот за натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
