Карло Анчелоти очекува неизвесен дуел со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите и нагласи дека сè ќе се реши на реваншот на „Метрополитано“.
Тренерот на Реал Мадрид истакна дека тимот нема да ја менува стратегијата и покрај некои отсуства.
„Имаме добри спомени од дуелот со Манчестер Сити. Беше специјална ноќ и сакаме да ја повториме. Ова ќе биде тешка елиминациска битка што ќе се реши во реваншот. Утре сакаме да одиграме добро и да стекнеме предност. Атлетико е силен противник, а натпреварот ќе биде изедначен“, рече Анчелоти.
Федерико Валверде е блиску до настап, а Лукас Васкез ќе игра како десен бек доколку биде потребно. Отсуството на Џуд Белингам и Дани Себалјос нема да влијае на тактичките планови.
„Атлетико игра поразлично од Сити – тие се повеќе ориентирани кон контранапади. Но, нема да го менуваме нашиот стил и фокус. Гризман и Мбапе се меѓу најдобрите во светот, а Гризман ретко греши додавање“, додаде тренерот.
Анчелоти покажа голем респект кон Диего Симеоне.
„Тој е одличен тренер кој го издигна Атлетико на највисоко ниво. Ми се допаѓа начинот на кој ја чита играта и ја организира екипата“.
Тој заврши со осврт на последното дерби.
„Одигравме многу лошо прво полувреме, но многу добро второ. Овојпат мораме да го повториме второто полувреме на целиот натпревар“, заврши Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













