
Барселона продолжува со доминантни настапи во Ла Лига и повторно се врати на врвот на табелата. Во дербито на денот, избраниците на Ханси Флик без поголеми проблеми го совладаа Реал Соседад со убедливи 4-0. Со оваа победа, каталонскиот тим го надмина Атлетико Мадрид и сега е лидер во првенството со 57 бодови. Атлетико има бод помалку, а Реал Мадрид заостанува три бода.
Натпреварот доби поинаков тек уште во 17. минута, кога гостинскиот фудбалер Елустондо доби црвен картон, оставајќи го својот тим со играч помалку. Барселона брзо ја искористи предноста и поведе во 25. минута со првиот гол на Жерар Мартин во дресот на каталонците. Само неколку моменти подоцна, Касадо ја зголеми предноста на 2-0, а и двата гола беа резултат на одлични асистенции од Дани Олмо, кој повторно започна во стартниот состав, како и против Атлетико Мадрид во Купот на Кралот.
Во вториот дел, Барселона продолжи со сигурната игра и во 56. минута Роналд Араухо се запиша во листата на стрелците. Само четири минути подоцна, Араухо асистираше до Роберт Левандовски, кој го постигна последниот гол на натпреварот за конечни 4-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
