
Кашемиро летово речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, каде што не ги исполни очекувањата, а иако имаше шпекулации дека може дури и да се пензионира, се појави нов голем клуб кој покажува интерес за него.
Бразилецот минатата зима беше поврзуван со неколку клубови од Саудиска Арабија, но тие на крајот се откажаа од идејата да го донесат, сметајќи дека тоа не би била најпаметна инвестиција по „шлаканицата“ што клубовите од таа лига го добија со трансферот на Нејмар во Ал-Хилал.
Италијанските медиуми објавија дека Милан покажал голем интерес за Бразилецот, а Златан Ибрахимовиќ верува дека искусниот играч за врска сè уште има многу да понуди. Поради тоа, Милан е решен да го донесе Кашемиро на „Сан Сиро“.
Наводно, бразилскиот играч за врска ќе биде една од главните трансферни цели на „росонерите“ во летниот преоден рок, а Ибрахимовиќ веќе добил јасен сигнал од Манчестер Јунајтед дека клубот сака што поскоро да го продаде.
Дополнително, за Милан е важно што Кашемиро ќе може да биде доведен за „ситни“ пари, бидејќи Јунајтед тешко дека ќе добие повеќе од 10 милиони евра за него. Причините за тоа се неговата намалена минутажа, како и фактот дека влегува во последната година од договорот.
Ибрахимовиќ смета дека оваа сума вреди да се ризикува и верува дека Милан би можел значително да профитира доколку Кашемиро ја врати својата форма.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
