Вардар и Беса одиграа реми без голови во првиот натпревар од 21.коло во Првата фудбалска лига. Гостите од Добри Дол дојдоа со намера да одбранат бод на арената „Тодор Проески“ и успеаја во тоа со цврст блок и мудра игра во дефанзивата.
Вардарци посакуваа триумф, имаа повеќе од играта, доминираа во поле, меѓутоа не создадоа многу стопроцентни шанси за постигнување погодок. Веројатно дека избраниците на Гоце Седлоски чувствуваа и замор од исцрпувачкиот меч против Силекс во четвртфиналето на Купот кој го играа во средата.
Вредна е да се напомене и авторитетната арбитража на судијата Јован Качевски, чии проценки беа максимално исправни и во насока на фер и коректен првенствен натпревар.
Останатите натпревари од 21.коло во Првата лига се играат утре, со почеток во 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













