Најтрофејниот македонски клуб Вардар го отвора 21.коло во Првата фудбалска лига со денешниот дуел против Беса. Ќе биде тоа нов значаен меч за вардарци кои имаа позитивен старт на сезоната, нанижаа две победи, против Струга ТЛ (0-2) на гости во првенството и против Силекс (1-0) во четвртфиналето на Купот.
Беса е во битката за опстанок, исто како и Вардар, па оваа пресметка е исклучително важна и за двете екипи.
Тимот на Гоце Седлоски немаше многу време за одмор по куп-натпреварот со Силекс и тој сигурно ќе мора да ротира дел од фудбалерите за денешниот меч. Јасно е дека и на двете екипи им се потребни трите бода и се очекува отворен меч на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Останатите натпревари од 21.коло во Првата лига се играат утре, а се среќаваат Гостивар – Работнички, Струга ТЛ – Силекс, Шкендија – Тиквеш, Брера – Воска и Шкупи – Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













