Претседателот на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, е казнет со забрана за присуство на 15 натпревари на неговиот клуб поради изјавите дека неговиот тим е жртва на корупција. Покрај Лонгорија, казнет е и Фабрицио Раванели, поранешен италијански репрезентативец и екс-напаѓач на Марсеј, кој сега има улога на советник во клубот. Тој доби забрана од три натпревари.
Двајцата се санкционирани поради своите изјави дадени минатата недела, по поразот од 0-3 против Оксер. На тој натпревар, Марсеј при резултат 0-1 побара два пенала, но не доби ниту еден, а среде второто полувреме остана со играч помалку по исклучувањето на Дерек Корнелиус.
Лонгорија овие денови се извини за своите изјави, велејќи дека зборот „корупција“ не бил соодветен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













