Реал Мадрид си замина од Сан Себастијан со предност во полуфиналето на Копа дел Реј, откако со 0-1 го совлада Реал Сосиедад. Единствениот гол на натпреварот го постигна Ендрик во првото полувреме.
Сепак, мечот не заврши без проблеми за „кралскиот клуб“. Дани Себалјос мораше предвреме да го напушти теренот откако доби силен удар во бутниот мускул и коленото од Такефуса Кубо. Бидејќи Реал Мадрид веќе ги искористи сите измени, завршија со десет играчи, а Себалјос го напушти теренот во солзи.
Според првичните информации, Себалјос заработил повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира околу еден месец, што е нов удар за Карло Анчелоти во пресрет на клучните натпревари од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













