Connect with us

Артета за ремито со Нотингем Форест: Ни недостигаше завршното додавање во нападот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше своето разочарување по нерешениот исход 0-0 против Нотингем Форест. Според него, тимот имал целосна контрола врз натпреварот, но не успеа да ја материјализира таа доминација со гол.

„Го контролиравме натпреварот и се обидовме на сите можни начини да стигнеме до победата. Напаѓавме до последниот свиреж, но во завршницата ни недостигаше искра. Немавме доволно прецизност во последното додавање за да го пробиеме нивниот цврст блок. Мораме да бидеме поодлучни во завршните удари. Овојпат настапивме многу подобро отколку во поразот од Вест Хем – бевме цврсти во одбраната, покажавме борбеност и страст, така што проблемот не беше во тој дел од играта. Се боревме до крај, но не успеавме да стигнеме до целта“, изјави Артета.

Шпанецот се осврна и на прашањето за недостатокот на класичен напаѓач во тимот.

„Ја кажав истата работа и претходно – работиме со тоа што го имаме и се фокусираме на напредок.“

Со ова реми, Арсенал дополнително ги намали шансите за освојување на титулата, а Ливерпул сега изгледа како главен фаворит.

„Ситуацијата останува иста како што беше пред една недела или пред три месеци. Единственото нешто што можеме да направиме е да продолжиме да ги освојуваме нашите натпревари и да видиме колку бодови ќе собереме. Ова реми не ни беше во план. Дојдовме по победа, но не успеавме“, заклучи Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови