Ливерпул продолжува со одличните настапи во Премиер – лигата и со победата над Њукасл Јунајтед (2-0) направи уште еден сериозен чекор кон шампионската титула. Домаќините создадоа уште многу шанси за поубедлив триумф и уште еднаш покажаа дека се во одлична форма пред клучниот дел од сезоната.
„Црвените“ поведоа уште во 11. минута преку Доминик Шобошлаи, кој втор натпревар по ред се запиша во листата на стрелците. Конечните 2-0 ги постави Алексис Мекалистер во 63. минута.
Манчестер Сити го победи Тотенхем на гости со 0-1, со голот на Ерлинг Халанд во 12.минута, а Манчестер Јунајтед и со играч помалку дојде до победа од 3-2 против Ипсвич. Нотинген Форест и Арсенал ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













