
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе го продолжи патот во полуфиналето на Купот на Македонија откако го елиминира Силекс во денешниот четвртфинален дуел на арената „Тодор Проески“. Вардарци победија со 1-0 против кратовскиот тим, со голот на Данел Донгмо во 68.минута од мечот. Закариќ нафрли од десната страна, се создаде мешаница пред голот на Силекс, одбиената топка дојде до Донгмо кој со прецизен удар ја погоди мрежата.
Во втората пресметка на силни прволигашки клубови, во Струга актуелниот првак Струга Трим Лум го победи Гостивар со 1-0. Ланре Кехинде беше стрелец на победничкиот гол во 48.минута.
Шкендија немаше проблеми против Детонит Плачковица и победи со 0-1. Голот го постигна Аденис Шала во 23.минута од дуелот. Три минути подоцна Аденис Шала не реализира пенал за Шкендија.
Во Струмица, Брера и Арсими одиграа 1-1, па се изведуваа пенали во кои поуспешни беа домаќините со 4-3. Стрелци во регуларниот тек беа Нзенгуе за Брера и Таипи за Арсими.
РЕЗУЛТАТИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА КУПОТ
БРЕРА – АРСИМИ 1-1 (4-3 пен.)
ДЕТОНИТ – ШКЕНДИЈА 0-1
ВАРДАР – СИЛЕКС 1-0
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
