Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум назначи привремен тренер откако Ќатип Османи ја напушти функцијата по поразот од Вардар во последното коло од првенството.
Новиот предводник е Меритон Гега, долгогодишен помошник во стручниот штаб на тимот. Тој веќе има искуство како главен тренер, откако минатата сезона ги водеше стружани на последните три натпревари и ја потврди шампионската титула.
Интересно е што Гега дебитираше како тренер на Струга токму против Гостивар, победувајќи со 1-0 во мај минатата година. Сега, неговото ново деби повторно ќе биде против истиот противник, но во Купот на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













