Connect with us

Шкендија го доби дербито со Силекс, триумф за Работнички, реми за Гостивар

Шкендија го победи Силекс со 4-2 во дербито на 20.коло од Првата фудбалска лига. Тетовци победија со головите на Ване Крстевски во десеттата минута, на Рамадани во 63. минута и на Бесарт Ибраими во 76.минута и автоголот на Џеков во 86.минита.

Силекс го отвори резултатот уште во петтата минута со погодокот на Ади Алиќ, а во 82.минута погоди и Рајков.

Гостивар не ја доби пресметката со Беса, дуелот заврши без голови.

Работнички славеше триумф од 1-0 против Воска Спорт и се врати на победнички патеки. Анес Рушевиќ беше стрелец на погодокот во 56.минута.

Брера во Струмица играше против Шкупи и загуби со 1-2. Гостите поведоа со голот на Емануел Аворнио во 31.минута, а во вториот дел го потврдија триумфот со уште еден погодок на Демир Имери. За Брера погоди Мартин Ѓорѓиевски во 84.минута.

Тиквеш во Кавадарци го пречека Пелистер и загуби со 1-2. Домаќинот поведе со голот на Миловановиќ во 64.минута, но во финишот прими два гола. Јорданчо Наумоски израмни на 1-1 во 85.минута, а три минути подоцна Александар Ристевски погоди за 1-2 и победа на Пелистер.

Вчера, Вардар ја победи Струга ТЛ на гости со 0-2.

ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

Шкендија – Силекс 4-2

Работнички – Воска 1-0

Беса – Гостивар 0-0

Тиквеш – Пелистер 1-2

Брера – Шкупи 1-2

Вчера: Струга ТЛ – Вардар 0-2

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови