
Дуелите од Првата фудбалска лига продолжуваат денеска од 14 часот. Во Тетово се игра дербито меѓу Шкендија и Силекс, а нивните конкуренти се надеваат на „нула“, за да можат да се доближат до врвот.
Гостивар и Работнички се исто така под притисок да освојат три бода за да останат во игра за високите позиции.
Дефанзивецот на Работнички, Рашид Содик, вели дека тимот е подготвен да реагира соодветно по поразот од Шкупи на Чаир и да освои три бода против Воска Спорт на домашен терен.
„Го оставивме поразот од Шкупи зад нас и сега размислуваме единствено за враќање на победничките патеки. Играме на домашен терен, свесни сме за нашиот квалитет, имаме самодоверба и одиме на победа против Воска Спорт. Не се залажуваме дека ќе биде лесно, затоа што нема „лесни“ дуели во Првата фудбалска лига. Ќе мораме да дадеме и повеќе од максимум за да ја оствариме целта.“
Тиквеш на домашен терен ќе го пречека Пелистер, а во Струмица ќе играат Брера и Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (денеска, 14 часот)
Шкендија – Силекс
Работнички – Воска
Беса – Гостивар
Тиквеш – Пелистер
Брера – Шкупи
Вчера: Струга ТЛ – Вардар 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
