
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, го сподели своето мислење по дербито со Вардар, во кое неговиот тим извојува победа со 1-2. Иако нагласи дека не сака да го коментира судењето, сепак изрази сомнеж дека одредени одлуки биле тенденциозни, особено во случајот со повторениот пенал кој му овозможи на Вардар да израмни.
Беќири испрати порака до фудбалските власти, повикувајќи ги да бидат повнимателни во вакви ситуации, бидејќи клубовите вложуваат значителни средства, а, според него, не е прифатливо судиските одлуки да го потценуваат нивниот труд.
„Да не победевме, немаше да го коментирам судењето. Но, мора да се знае дека Шкендија е голем клуб, сериозен проект со сопственик кој вложува многу. Судии или судиска група не смеат да дојдат и да го уништат целиот труд. Апелирам до одговорните лица во судиската комисија и контролорите да бидат внимателни, бидејќи во вакви дерби натпревари, каде што има големи инвестиции, судењето мора да биде на високо ниво. Моите најголеми сомнежи се во врска со повторениот пенал, сметам дека одлуката беше тенденциозна“, изјави Јетон Беќири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
