Connect with us

Тиквеш убедливо славеше против Пелистер (1-4) во Битола

Кавадаречки Тиквеш сериозно се подготвува за влез во прволигашкото друштво следната сезона, ако се суди според актуелниот подготвителен период пред почетокот на новото второлигашко првенство.

Тиквеш денеска славеше убедливо со 1-4 (0-1) на гостувањето против Пелистер на пријателскиот дуел кој се одигра на стадионот „Под Тумбе кафе“. 

Кавадарчани до предност дојдоа со голот на капитенот Ѓорѓи Мојсов во првото полувреме, а во вториот дел стрелци беа Роберт Митев и Марјан Ристовски, и уште еднаш Мојсов за конечни 1-4 во самиот финиш од натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови