
Прилепска Победа го ангажираше и четвртото засилување пред новата сезона во Втората лига – Исток, засилувајќи се со централниот дефанзивец Леон Најдовски.
26-годишниот поранешен младински репрезентативец и член на Работнички, Македонија ЃП и Тетекс, е четврто ново име во клубот откако претходно пристигнаа и голманот Ѓорѓи Јовановски, напаѓачот Благоја Наумовски и дефанзивецот Тони Магловски.
Шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски за престојната сезона ќе смета и на Антонио Столевски, Стојанче Дунимаглоски, Христијан Тодороски, Благоја Дамески и Христијан Вецески кои се повратници во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
