
Реал го победи Манчестер Сити со 3-2 на гости во првиот натпревар од плејофот за нокаут-фазата на Лигата на шампионите. Во 19. минута Ерлинг Халанд му донесе водство на домаќинот, а Килијан Мбапе израмни во 60. минута. Халанд повторно му донесе водство на Сити од пенал во 80. минута.
Сепак, Реал направи неверојатен пресврт во завршницата со головите на Брахим Дијаз во 86. минута и на Џуд Белингам во втората минута од судиското надополнување.
Овој натпревар беше очекуван од многу причини, особено затоа што беше првиот меѓу англискиот и шпанскиот шампион по контроверзите околу доделувањето на „Златната топка“ за минатата сезона. Наградата ја освои Родри, играчот од средниот ред на Сити, како признание за неговите успеси со клубот и со репрезентацијата на Шпанија, која го освои Европското првенство.
Но, Реал и неговата ѕвезда Винисиус сметаа дека му е нанесена голема неправда на Бразилецот, поради што клубот ја бојкотираше церемонијата и доделувањето на наградата.
Ова предизвика големи критики за Реал и Винисиус, дури и од неутрални љубители на фудбалот. Поради тоа, Бразилецот беше пречекан непријателски на „Етихад“. Кога играчите излегоа на теренот, навивачите на Сити истакнаа знаме со слика од Родри како ја бакнува „Златната топка“, со порака: „Престани да плачеш.“
Иако не беше директно наведено кому е наменета пораката, сите, вклучувајќи го и самиот Винисиус, разбраа дека е упатена кон него. Контроверзи предизвика и реакцијата на Родри, кој беше уловен од камерите како со насмевка го фотографира транспарентот од ложата.
Навивачите на Сити не застанаа само на тоа. Во текот на натпреварот, секогаш кога Винисиус ја добиваше топката, тие скандираа: „Каде ти е Златната топка?“
Играчот на Реал одговори покажувајќи го амблемот на ракавот од дресот, на кој се наоѓа пехарот од Лигата на шампионите и бројот 15, што означува колку пати Реал ја освоил титулата. Покрај тоа, Винисиус на најдобар можен начин им одговори на провокациите – со две асистенции за головите со кои Реал направи пресврт и ја однесе победата.
По натпреварот, Родри беше запрашан од шпанските новинари во микс-зоната на „Етихад“ што мисли за транспарентот со пораката „Престани да плачеш“, а тој кусо одговори: „Многу добро.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
