Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа направија голем чекор кон пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од големото дерби на плејофот го совладаа Манчестер Сити на гостински терен со 2-3.
Европскиот шампион губеше до 86. минута, а потоа направи пресврт во финишот со головите на Брахим Дијаз и на Џуд Белингам.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, по натпреварот ја презеде одговорноста врз себе, но истакна дека таа е споделена меѓу сите во тимот.
„Многупати ни се случи оваа сезона. Знам какви квалитети има тимот на Реал Мадрид. Во второто полувреме ја контролиравме играта, но сакавме да напаѓаме премногу избрзано. Ова се случи затоа што Реал е извонреден тим“, изјави Гвардиола.
„Лошите одлуки беа клучни. Ја преземам вината, иако не е само до мене, туку до сите. Повредите нè мачат цела сезона и сите го знаат тоа“, заврши Пеп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













