Напаѓачот Жоао Феликс, кој се приклучи на Милан како позајмен играч од Челси во јануари, веќе одигра два натпревари за клубот и постигна гол во својот деби натпревар во Купот на Италија против Рома, кој заврши со победа од 3-1.
„Се приклучив на Милан како позајмен играч, но ако има можност да останам и по оваа сезона, ќе бидам среќен. Ова е топ европски клуб и веќе сум заљубен во сè овде. Интер исто така покажа интерес, но за мене беше невозможно, бидејќи сакав да бидам во Милан“, изјави Португалецот.
„Измина фантастична недела со две победи, и гол на „Сан Сиро“. Кога доаѓаш во Милан, разбираш зошто ова е еден од најголемите клубови во Европа. Споредбите со Кака? Тој е мојот омилен играч зн сите времиња. Никогаш не сум разговарал со него откако дојдов тука, но имавме разговори претходно. Тој е идол во Милано, не можам да се споредувам со него, но сакам да можам да го повторувам она што тој го направи во Милан“, додаде новиот напаѓач на „росонерите“.
Феликс исто така откри зошто повторно го избрал бројот „79“ .
„Вистината е дека ова е број на кој сум многу приврзан, беше мојот прв број како професионален играч. Овој број е посебен и секогаш ќе биде дел од мојата кариера“, истакна Жоао Феликс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













