Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, застана во одбрана на својот колега од Фиорентина, Рафаеле Паладино, кој изрази незадоволство од ВАР системот поради контроверзната судиска одлука на нивниот натпревар. Ситуацијата се однесуваше на корнер неправилно досуден во корист на Интер, по кој тимот дојде до водство.
Инзаги призна дека судиите направиле грешка, но истовремено посочи дека и пеналот во корист на Фиорентина бил дискутабилен.
„Разбирам зошто Фиорентина се гневни. И јас бев во слична ситуација по натпреварот со Баер Леверкузен, кога примивме гол по корнер што требаше да биде поништен поради офсајд. Не ми беше јасно што се случи, но забележав дека имаше одредено незадоволство. Го прегледав повторно и пеналот и сметам дека не требаше да биде досуден. ВАР не реагираше ниту во дербито, а можевме да победиме“, изјави Инзаги.
„Свесен сум дека топката излезе од теренот, но ВАР не може да интервенира во такви ситуации. Сепак, според мене, и пеналот за Фиорентина беше дискутабилен, бидејќи Дармијан беше предалеку од противничкиот играч. ВАР тогаш интервенираше, но за мене таа одлука беше погрешна“, додаде стратегот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













