Тренерот на Фиорентина, Рафаеле Паладино, изрази големо незадоволство по поразот од 1-2 против Интер, обвинувајќи ги судиите и системот ВАР за клучна грешка што влијаеше на исходот.
Според него, технологијата требало да интервенира за да покаже дека топката го напуштила теренот пред корнерот, од кој Интер го постигна првиот гол.
„Обично не коментирам за судењето и се трудам да не ги критикувам судиите, но овојпат навистина сум разочаран. Не сум лут толку на главниот судија, туку на ВАР системот и на начинот на кој се применува. Имаме технологија што треба да ги минимизира грешките, но не можеме да ја искористиме за да исправиме јасна неправда. Топката беше надвор од теренот за најмалку 20 сантиметри – тоа е момент што го реши натпреварот. Според протоколот, ВАР не смее да интервенира во вакви случаи, но ако не може да исправи очигледна грешка, тогаш нешто не е во ред со системот. Ова е фрустрирачко, бидејќи си заминуваме со чувство на неправда“, изјави Паладино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













